Пензиите се зголемуваат – Владата донесе одлука

265

Владата донесе одлука за зголемување на пензиите, при што одлучено е на два пати да им се зголемат пензиите на пензионерите, и тоа еднаш во септември, и еднаш во март идната година.

„Владата расправаше и за зголемување на пензиите од 5.000 денари, при што беше потврдена заложбата и беше одлучено ова зголемување да се реализира на два пати, од кои првата исплата од 2.500 денари ќе биде во септември, а втората од 2.500 денари ќе следува во март“, стои во соопштението од Владата.