Пендаровски: Поднесов кривична пријава, очекувам полицијата да го расчисти случајот

85

Претседателскиот кандидат на власта Стево Пендаровски денеска во изјава за медиумите потврди дека ја поднел кривичната пријава и очекува случајот со неговото следење да се расчисти.

„Ако ме прашавате понатаму што јас знам повеќе за тоа – не знам, изјави Пендаровски и ги упати новинарите на изјава дадена од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на седница за пратенички прашања од крајот на јануари кој зборувал за следење на јавни личности, па дури, посочи Пендаровски, на великодостојници на МПЦ, од некои параструктури“.

„Можеби тука лежи одговорот. Меѓутоа, јас тоа не го знам“, рече Пендаровски.