Пендаровски поддржува намалување на привилегиите на функционерите

168

Претседателот на државата, Стево Пендаровски ја поддржува иницијативата на невладините организации за намалување на привилегиите на функционерите и најавува дека нема да „шета“ со ротациски светла и да блокира сообраќај на крстосниците.

Инаку, по завршувањето на мандатот Пендаровски планира да се врати на својата досегашна работа, професор на „Американ колеџ“ и ќе побара само една канцеларија во Министерството за надворешни работи каде што ќе може како поранешен претседател да има средби со државници.