Пендаровски: Нема план „Б“ за уставните измени, има само план „А“, а МРТВ прво да ја расчисти аферата, па потоа да ме вика на дебата

138

-Државата заслужува да ја водат одговорни, совесни и сериозни политичари, а не луѓе кои сакаат само власт и пари. Ако ВМРО-ДПМНЕ дојдат на власт, Македонија повторно ќе биде приватна држава на неколкумина или на една фамилија, а најчесто на само еден човек кој ќе им диктира на сите други – што да прават, што да мислат и што да зборуваат. Тоа не смееме да го дозволиме ако им мислиме добро на идните генерации. Ако сакаме пристоен, достоинствен живот, на таквите обиди, за враќање назад, во регрес, да им кажеме „не, благодарам“, порача Пендаровски.

-Нема план Б. Ако не го смениме Уставот, нема да ги продолжиме преговорите со ЕУ. 25 години се занимавам со меѓународна политика и знам дека не може поинаку. Но тие упорно велат дека одново ќе ги преговараат сите договори”, рече Пендаровски и додаде дека најмногу го плаши фактот дека граѓаните бргу заборавија како владееше Груевски.

„Ве молам да се потсетите како беше во нивно време. Изолација, искарани со сите соседи, без пријатели во светот. Со апсењето на новинарот пред некој ден не потсетија, бидејќи сега владеат истите луѓе, истите кадри на Груевски” подвлече Пендаровски.

Посочувајќи на, според него, најголемиот проблем на државата – иселувањето на младите, Пендаровски рече дека младите ќе останат дома само ако двојно се зголеми животниот стандард, а тоа потенцираше тој, е можно само ако сме заедно со развиените западно-европски држави.