Пендаровски на 22 ноември на средба со Вучиќ

55

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски на 22 ноември ќе престојува во официјална посета на Република Србија.

Во Белград, како што соопшти неговиот кабинет, претседателот Пендаровски ќе биде примен со највисоки државни и воени почести од претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

По тет-а-тет средбата на двајцата претседатели и пленарната средба, претседателот Пендаровски и претседателот Вучиќ ќе имаат заедничка прес-конференција.

За време на официјалната посета на Република Србија, предвидено е Пендаровски да оствари билатерални средби со претседателката на Народното собрание на Република Србија, Маја Гојковиќ и со премиерката Ана Брнабиќ.