Во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски денеска ќе биде одржана 18-та седница на Советот за безбедност. На дневен ред на седницата на, како што соопшти Кабинетот на шефот на државата, ќе биде безбедносната состојба во Република Македонија и евро-атлантскиот регион.
На седницата, покрај членовите на Советот за безбедност, ќе присуствуваат и директорот на Агенцијата за разузнавање Еролд Муслиу, директорот на Агенцијата за национална безбедност Зарко Милошевски и началникот на Генералштабот на Армијата генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски.
По завршувањето на седницата, информираат од кабинетот, претседателот Стево Пендаровски ќе даде изјава за јавноста, која ќе биде пренесувана на официјланите онлајн платформите на претседателот.