Пендаровски бара разрешување на Додовска од советот за евроинтеграции

124

Претседателот Стево Пендаровски го предложил доцент д-р Александар Спасов, од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ како претставник на неговиот кабинет за член во Националниот совет за евроинтеграции.

Кабинетот на претседателот, како што се наведува во соопштението, бара разрешување на професорката Иванка Додовска, која беше претставник во Националниот совет за евроинтеграции на претходниот Кабинет.