Претседателот Стево Пендаровски ќе побара од Владата и МНР анализа за сите дипломатско-конзуларни преставништва на земјава во странство и за компетенциите на амбасадорите за да се видат перформансите на надворешната политика.
Пендаровски, велат од неговиот кабинет, ја одблокирал и процедурата за агремани за амбасадори која била блокирана од неговиот претходник Ѓорге Иванов.
Денеска претседателот Пендаровски го комплетираше својот кабинет.
Првата посета на претседателот Пендаровски во странство ќе биде посетата на Брисел во јуни за време на одржувањето Самитот на ЕУ.