По лансирањето на сателитите „Албанија 1″ и „Албанија 2″ најмалку четири дена во неделата добиваме слики што ги обработува Агенцијата за геопросторни информации, изјави албанскиот министер за одбрана, Нико Пелеши.
Додаде дека тие може да дадат информации и за приватни компании кои ќе покажат интерес. – Откако ќе ја изградиме процедурата, можеме да сателитите да ги отвориме за користење на заинтересирани приватни инвеститори. Најмалку четири дена во неделата добиваме слики што ги обработува Агенцијата за геопросторни информации, посочи тој Пелеши. Сателити кои Албанија ја чинеа шест милиони долари беа лансирани на 3 јануари годинава од базата Кејп Канаверал на Флорида како дел од мисијата „Транспортер-6“ на американската компанија Спејс Икс. -Албанија сега има повеќе високотехнолошки способности за контрола, заштита и управување со својата територија, обезбедувајќи витални податоци во реално време за голем број клучни аспекти за одржлив развој, оцени премиерот Еди Рама соопштувајќи ја веста. „Сателитите се ставени на располагање на институциите кои вршат задачи поврзани со територија, вода, шуми, пожари, урбан отпад или земјоделско производство. Имаме специјализирана екипа која ги обработува добиените слики. Ќе биде зголемен бројот на вработени, но и нивните месечни примања“, нагласи Пелеши.