По пауза од една сезона македонски тим повторно ќе заигра во Лигата на шампионите. Откако лани поради добро познати причини Вардар не доби дозвола од ЕХФ за настап во Лигата на шампионите, во новата сезоната елитата се сели во Битола, каде Еурофарм Пелистер ќе биде домаќин во најсилното ракометно натпреварување на стариот континент.

Пелистерци ждрепката во Виена ја дочекаа од третиот шешир, во кој се наоѓаа уште Порто, Целје, Загреб и дебитантот Колстад, а поради правилото на ЕХФ две екипи од иста земја не можат да играат во иста група, во салата „Боро Чурлевски“ ќе гледам по еден претставник од Данска, Полска, Франција и Унгарија.

Еурофарм Пелистер во новата сезона во Лигата на шампионите ќе игра во групата А, а за противници ги доби Киелце, ПСЖ, Кил, Алборг, ПИК Сегед, ППД Загреб и Колштад.

Во Б –  Групата ќе играат ГОГ Гудме, Веспрем, Магдебург, Висла, Монпелје, Порто, Целје Пивоварна Лашко

Новата сезона во Лигата на шампионите започнува на 13/14 септември. Екипите кои што ќе завршат на првите две позиции директно ќе се пласираат во четвртфиналето. Екипите кои ќе завршат на третото, четвртото, петтото и шестото место во групната фаза ќе играат во осминафиналето.