Спортскиот директор на каталонскиот гигант Барселона, Деко, откри дека клубот планира во најбрз можен рок да им понуди нови договори на младите играчи за врска, Педри и Гави. На репрезентативците на Шпанија ќе им биде понуден договор кој ќе биде со важност до 2030 година и во истиот ќе има ослободителна клаузула која ќе се активира со понуда не помала од милијада евра.