Педесетгодишен маж им подлегна на повредите во пукањето во Арачиново, 19-годишно момче се бори за живот

153

Во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ вечерва примени се двете повредени лица во инцидентот што се случи во скопско Арачиново.

Еден од повредените починал, додека пак второто лице веднаш е примено во Одделот за интензивна нега, направена е дијагностика и ќе биде извршена хируршка интервенција, велат за МИА од Ургентниот центар.

Тие информираат дека починатиот пациент е на 50-годишна возраст, а другиот е 19-годишен.

„Заради сериозноста на состојбата на 50- годишниот пациент, веднаш е извршена реанимација, но за жал и покрај сите напори на дежурните медицинските тимови, кај овој пациент настапила смрт“, посочуваат од Ургентниот центар.