Песните што ги има снимено македонскиот рапер Пајак или како што му е вистинското име Хистијан Настески со Лара Иванова и со Антонија Гиговска, имаат голема слушаност. Особено сега откако се зголеми интересот за неговите песни, откако ја проширува својата соработка. Овој пат со српската музичка ѕвезда Теодора Џехверовиќ. Публиката веднаш го почувствува хитот „Летна авантура“.
Станува збор за летна песна со весел, жежок, но лесен ритам, приемчив за увото, а препознатлив за музичкото авторство на Пајак. Така што Пајак и Теодора Џехверовиќ имаат авантура, но само музичка, и тоа во позитивна смисла. Пајак е потпишан како автор на музиката и на текстот, додека аранжманот и миксот се изработени во студиото кај Иван Јованов, братот на Јован Јованов.