Шпанските медиуми пренесуваат дека Пау Гасол (41) најавил прес-конференција во вторник, на 5 октомври, кога ќе ги објави своите професионални планови, или поточно, ќе објави пензија.
Тој играше неколку месеци за Барселона минатата сезона, со која го загуби финалето во Евролигата, а потоа беше дел и од репрезентацијата на Шпанија на Олимписките игри во Токио. Таа последна авантура со „црвената фурија“ заврши неславно затоа што Шпанците загубија во четвртфиналето.
Гасол во кариерата освои два НБА прстени со Лејкерс, а исто така беше светски шампион со Шпанија во 2006 година и трикратен европски шампион. Играше за Барселона, Мемфис, Лејкерс, Чикаго и Сан Антонио, како и во Милвоки.