Паушал за парно ќе се плаќа само за становите во кои никој не живее

Како што информира претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски, кај нив дневно  пристигнуваат по стотина барања, а во најголем дел тие позитивно им одговараат на граѓаните и го решаваат нивниот проблем

216

Како што информира претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски, кај нив дневно  пристигнуваат по стотина барања, а во најголем дел тие позитивно им одговараат на граѓаните и го решаваат нивниот проблем

Голем интерес од исклучените плаќачи на парно греење да им се одобри барањето за неплаќање на паушал. Како што информира претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски, кај нив дневно  пристигнуваат по стотина барања, а во најголем дел тие позитивно им одговараат на граѓаните и го решаваат нивниот проблем.

– Се доставуваат барања од покарактеристични случаи, како на пример, родители го оставаат станот на своите деца и притоа имаат оставинска постапка да живеат до смртта во тој стан. Сопственици на станот со нивните деца, кои живеат  во станот на родителите исто така  се изземени и нема да плаќаат, но треба да имаат имотен лист. Исто така и становите под закуп каде што живеат луѓе тие нема да имаат обврска да го плаќаат претходниот паушал. Има случаи станот да биде издаден без договор и не се плаќа никаков данок. Тие мора да си го плаќаат паушалот сè додека не донесат договор  за закуп – објаснува Бислимоски.

Според него барањата, односно претставките, можат да се достават до 31 мај годинава со цел регулаторите да имаат појасна слика за реално исклучени и вклучени потрошувачи во топловодниот систем.

– Тоа ни е потребно и за утврдување на новата цена на парното која треба да почне да функционира од први август годинава – рече Бислимовски и додава дека останува паушалот да го плаќаат само оние каде во становите никој не живее.

Според него вакви станови има од 3.000 до 4.000.

Новина е што ДДВ за приклучените потрошувачи да се намали од 18 на 5  проценти, што е намалување на вкупните трошоци за 11 отсто. Тој очекува со намалување на данокот исклучените повторно да се вратат во системот на топлинска енергија.

– Во новиот Предлог-закон за градба е предвидено, кога се градат зградите да се знае дали ќе биде на централниот систем на затоплување, бидејќи тоа е најевтин начин на греење – потенцира Бислимоски.

(В.Ма.)