Патувачкото кино на „МакеДокс“ годинава го смени својот формат и се одржува во текот на четири викенди во месеците јуни, јули и септември.
Во првата половина од годинашните патешествија се одржаа проекции во Кратово, с. Шлегово и две во градот под Исарот – Штип.
Следна дестинации на 12. Патувачко кино на „МакеДокс“ се оризовите полиња во Кочанско, односно градот Кочани (9 јули) и с. Оризари (10 јули).
Проекциите ќе почнуваат во 21 часот и ќе се одржуваат на отворен простор, а влезот е бесплатен.