Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по наместа влажни коловози, на некои повисоки места наместа со остатоци од кашест снег, информираат од ЈП Македонијапат.

Од претпријатието апелираат на внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот. Дежурни екипи на Македонија постојано се на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.