Македонскиот шампион Вардар е убедливо најзастапениот тим во дрим-тимот на Лигата на шампионите што беше објавен во хотелот „Радисон Блу“.
Роберто Гарсија Парондо е избран за тренер на сезоната, а во идеалниот тим се најдоа и четворица ракометари на „црвено-црните“, Дибиров, Чупиќ, Кристопанс и Дејан Милосављев како најдобар голман.
Покрај четирите членови на Вардар, место во идеалниот тим имаше и за Хансен (ПСЖ) за најдобар лев бек, Агинагалде од Кјелце за најдобар пивот и Кентин Мае од Веспрем. Фабрегас од Барселона е избран за најдобар млад ракометар, а Благотиншек од Веспрем е најдобар дефанзивец во изминатата сезона во Лигата на шампионите.