Парното од 1 август поевтино за домаќинствата за 3,16 %, а за фирмите 17 %

146

Од први август сметките за парно греење за домаќинствата ќе бидат за 3,16 % пониски. Пониски ќе бидат месечните сметки и за 1.200 фирми  кои се приклучени на градското централно греење за 17 %.

Регулаторната комисија за енергетика денеска на прес-конференција официјално  ја соопшти  новата цената на парното греење која годинава над 60 илјади домаќинства ќе ја плаќаат.

Цената на парното греење за домаќинствата во Скопје од 1 август се намалува за 3,16 отсто за корисниците на ЕСМ, за 1,71 отсто за корисниците на топланата Скопје Север и за 0,5 отсто за корисниците на ЕСМ Енергетика.

Како што информираат од РКЕ, четирите компании на ЕСМ незадоволни од одлукатана најавиле тужба, односно оспорување на одлуката пред Уставен суд.