Паркирани возила оневозможуваат екипи на итните служби да влезат по улиците во стариот дел

385

Екипите на итните служби се соочуваат со проблем при извршувањето на своите задачи во стариот дел на Охрид. Според фотографиите што ги објавија од Територијалната противпожарна единица – Охрид, станува збор за паркирани возила на несоодветни места.

– Проблемот е доста комплексен и првично треба да проработи свеста кај секој од нас поединечно. Стариот дел на градот е од исклучителна важност со оглед на тоа што поседуваме културно-историски споменици од непроценливо значење. Опасноста од блоковски пожари на овој потег е голема, имајќи ги предвид збиеноста на објектите, неможноста за брзо и ефикасно интервенирање и слично – велат од ТППЕ Охрид – Пожарна.