Најтрофејниот клуб во англиската Премиер лига, Манчестер Јунајтед, се вклучи во трката по потписот на нигерискиот интернационалец од редовите на Галатасарај, Виктор Осимен. Искусниот напаѓач престојува во Истанбул како позајмен играч од редовите на Наполи, а челниците на Јунајтед се подготвени да испратат парична понуда до Наполи, но и да ги понудат услугите на холандскиот интернационалец Џошуа Зиркзе.