На (не)среќниот наследник му се слошило откако се сретнал со својот адвокат за да добие огромното наследство и откако ги открил плановите дека сака да се разведе од својата партнерка

Жена од Северна Дакота го отрула својот невенчан сопруг откако дознала дека тој неколку часа претходно наследил 30 милиони долари и има намера да ја остави, соопшти полицијата.

Ина Теа Кенојер (47) во понеделникот беше обвинета за убиство на Стивен Едвард Рајли (51), според полицијата, од „финансиски мотиви“.

На Рајли му се слошило кога се сретнал со својот адвокат на 3 септември за да добие големо наследство, изјавиле сведоците пред инспекторите. Следниот ден Кенојер се јавила на Итната помош и болничарите го пронашле Рајли во несвест во домот. Утредента тој починал во болница, пренесува „Њујорк пост“

На социјалните мрежи напишала жална вест дека нејзиниот сопруг Рајли се самоубил. На инспекторите им изјавила дека планира да го подели големото наследство на Рајли со неговиот син.

Аутопсијата утврдила дека тој починал откако проголтал антифриз, кој, според полицијата, му го подметнала партнерката.

Рајли планирал да ја прекине врската со неа набргу откако го добил огромниот износ, што ги навело инспекторите да испитаат дали жената го отрула за да ги земе парите.

Теа Кенојер се соочува со обвинение за тешко убиство и е задржана во притвор.