Новиот предводник на актуелниот шампион на Франција, тимот на ПСЖ, Кристоф Галтиер, потврди дека аргентинскиот интернационалец, Леандро Паредес има добиено неколку официјални понуди и додаде дека искусниот играч за врска сигурно ќе ја промени средината до крајот на летниот преоден рок. Поранешниот фудбалер на Рома и Зенит е проценет на околу 30 мил. евра, а најголем фаворит за неговиот потпис е италијанскиот калчо гигант Јувентус.