Папата Франциск: Сексуалното задоволство е дар од Бога, но избегнувајте порнографија

244

Папата Франциск денеска изјави дека „сексуалното задоволство е дар од Бога“, но ги повика католиците да избегнуваат порнографија.

„Сексуалното задоволство е нешто што треба да се негува, но тоа е поткопано од порнографијата. Задоволството без врска може да создаде форми на зависност“, рече Папата, пренесе Гардијан.

Тој додаде дека љубовта треба да се брани и дека „победата во борбата против страста може да биде доживотен потфат“.

Извештаите во медиумите велат дека папата одговарал на критиките од конзервативните критичари, откако минатата недела повторно се појави сексуално експлицитна книга напишана пред неколку децении од шефот на доктринскиот оддел, Виктор Мануел Фернандез.

Книгата на аргентински кардинал близок на папата Франциск, меѓу другото, вклучува и поглавје во кое се опишуваат разликите помеѓу машкиот и женскиот оргазам.
Одговарајќи на критиките, Фернандез рече дека сега „дефинитивно“ нема да напише таква книга.