Говорејќи за најсилните впечатоци од посетата на Бугарија и на Македонија, тој рекол дека „тоа се две тотално различни земји”. Бугарија, според него, е држава со вековни традиции, додека Македонија има вековни традиции, но е млада држава и има „млад народ”, пренесува „Ватикан њуз”.
Коментирајќи го фактот дека Северна Македонија неодамна ја конституирала својата државност, тој изјавил дека таа е симбол за влегувањето на Христијанството кон Западот преку Апостол Павле, кој сакал да оди во Азија, но бил повикан во Македонија.
Одговарајќи на прашања од новинарите, тој нагласил дека за време на престојот во Скопје во рамки на неговата тридневна Апостолска посета на Бугарија и Северна Македонија, посебен впечаток му оставиле две калуѓерки што ги сретнал во Спомен куќата на Мајка Тереза, кои иако и самите биле сиромашни, се грижеле и им помагале на други сиромашни луѓе, при што, како што му рекле, кон нив не се однесувале како кон деца за кои се грижат, тука како кон родители, односно со почит и понизност и со добрина и топлина.