Панчо од “ДНК“ се откажа: Не сакам да бидам „Маж на годината“ во „Северна“ Македонија

46

Многу познатиот македонски музичар Владимир Блажев, а, надалеку и пошироко попознат како Панчо од дуото “ДНК“, дефинитивно го откажа  учеството во (за многумина, мачо) Изборот за „Маж на годината“.

Како што Панчо појаснува не ни знаел дека бил номиниран, но и ако е така, се откажува од номинацијата и учеството поради три причини.

– Од една моја блиска и почитувана пријателка само што дознав дека сум номиниран за „Маж на годината“  во „Северна” Македонија. Прво и најбитно, сакам јавно да истакнам дека јас не живеам во Северна Македонија, туку само во Македонија.            Со самото тоа би сакал своеволно да си ја откажам номинацијата и учеството!        Втората причина е тоа што мислам дека не сум заслужил да се најдам помеѓу сите овие номинирани величини.  И последната, третата, е тоа што сте ми ја утнале категоријата бидејќи сум „висок“, односно низок – само 168 см, па треба да спаѓам во категоријата „мажиња“!