Доктор Никола Пановски на Фејсбук објави дека вчера доживеал несреќа, во која за малку можел да загине.
Ова му се случило додека возел велосипед. Вели дека психички е во шок, а има и физички болки. Тој упати апел до возачите додека се на семафор, да гледаат пред нив, а не во мобилниот телефон.