Микробиологот Никола Пановски побара од Комисијата за заразни болести и од Кризниот штаб да се укине задолжителното носење маски во училиштата.
„Денеска одат 30 ученици на роденден, истите од класот ќе се дружат два саати, а потоа пак утре ќе се видат на училиште, вели Пановски во вестите на Канал 5.
Во однос на вакциналните сертификати, докторот смета дека нема логика истите да се користат, затоа што тие и онака не се почитуваат, а бустер дозата смета дека треба да биде препорачана само за ризичните групи.