Ученик во основно училиште во Лика најавил дека во понеделник ќе дојде на училиште со огнено оружје и список, пишува ХРТ. Тоа го направил затоа што не бил задоволен од оценката.
Родителите се загрижени за безбедноста на нивните деца. Од училиштето тврдат дека за случајот ги известиле надлежните и стручни служби, а сѐ пријавиле во полиција.
“Немаше да ви се јавиме да не бевме загрижени. Моето дете не сака да оди на училиште. Веќе се плаши, а сега уште повеќе се плаши дека некој ќе го убие”, рекла мајката на еден ученик.
Директорот тврди дека бил обавен разговор со ученикот кој ја упатил заканата, како и неговиот родител.
„Одделенскиот раководител писмено ги известил другите родители дека се преземаат сите потребни активности, дека нема причина за загриженост и дека училиштето ќе продолжи да ја обезбедува безбедноста на учениците. Родителите на учениците од нашето училиште ќе бидат навремено информиран за сите потребни информации“, рече директорот.