Паника во Масачусетс – затворени училишта и евакуација поради истекување на гас

83

Околу 100 лица се евакуирани, а две училишта затворени поради истекување на гас во Лоренс, град во американската држава Масачусетс, кој минатата година беше потресен од серија експлозии на гас и пожари.

Шефот на локалната противпожарна служба Брајан Моријарти рече дека истекувањето на гасот е забележано околу 3,15 по локално време.

Во погодената населба, прекинато е снабдувањето со гас и електрична енергија.

Градоначалникот на Лоренс, Ден Ривера, изјави дека две училишта се затворени.