Паника во авион во Индија за поставена бомба: Маж испратил лажна дојава поради две девојки

99

Млад Индиец им испратил дојава за лажна бомба на своите пријатели за да можат да поминат повеќе време со две жени кои ги запознале на одмор, пишува Дејли Мирор.

Абхинав Пракаш, 24-годишен работник во авиокомпанија од Делхи, бил уапсен откако се јавил на добавувачот на индиската авиокомпанија SpiceJet, за да ги предупреди за непостоечка експлозивна направа во одреден авион. Неговите двајца пријатели, Кунал Сехрават и Ракеш, наводно побарале негова помош за да го спречат заминувањето на двете жени кои ги сретнале додека биле на пат кон популарното планинско одморалиште Манали на Хималаите.

Откако се јавил и предупредил за поставена бомба во авионот, Пракаш наводно контактирал со девојките и триото прославило откако слушнале дека леталото е сопрено на пистата, изјавија полицајците.

Властите сè уште ги бараат Сехрват и Ракеш за нивната вмешаност во измамата, а како дел од истрагата се очекува да бидат испрашани и двете жени.

На сослушувањето, Пракаш признал дека неговите пријатели од детството биле на пат кон Манали кога сретнале две жени од Махараштра, околу 2.200 милји јужно, и четворицата се зближиле.

Пракаш им рекол на полицајците дека Кунал и Ракеш побарале од него да најде начин да останат уште малку и да го одложат нивното заминување од Делхи.

„Според Пракаш, пријателите му рекле дека сакаат да поминат уште малку време со нив и го охрабриле обвинетиот да смисли план како да го одложат нивното заминување од Делхи“, рече високиот полициски детектив Рави Синг.

„Кога веста за апсењето на Абхинав Пракаш стигна до Кунал и Ракеш, тие побегнаа од и моментално се недостапни за полицијата. Се прават напори за нивно пронаоѓање“, додаде Синг.

По приемот на повикот во четвртокот, полицијата тргна во акција и летот од 182 лица – кој сè уште не полетал – беше изолиран, проверен и дезинфициран. Повикот беше прогласен за измама и на авионот му било дозволено да полета.