Панамскиот канал испарува, глобалните цени ќе одат во небо

653

Климатските промени имаат нова жртва: Панамскиот канал е една од најважните поморски сообраќајни рути на планетата. Долготрајните суши толку го намалија нивото на водата во 110 години стариот канал, што властите во Панама минатиот месец ја ограничија пловидбата, засега привремено до септември.

Низ каналот поминуваат танкери натоварени со стока од американски течен гас, до посеви од јужноамериканските држави. Минатиот месец поминале само 13 брода со гас што е двојно помалку отколку во истиот период лани, а транзитот на останатите е намален за 35 проценти.

Последници и се закануваат на светската економија со оглед на тоа што се поголемите нарушувања во ланците на снабдување доведуваат до зголемување на трошоците на глобалната трговија. Низ овој канал поминува пет проценти од глобалната поморска трговија.

Најголемиот дел од гасот во американските танкери оди кон европските нарачатели кои сакаат да се ослободат од руската испорака. Затоа трговците со гас почнале да ја користат рутата околу Африка што е многу подолга, а со тоа и поскапа.

Проблемот бил особено изразен лани, кога водостојот паднал до критично ниво, па во декември 160 бродови со денови чекале дозвола за премин, со што трошокот за транзит значително пораснал. Така, еден јапонски бродосопственик платил речиси четири милиони долари за да помине преку ред и да ја достави стоката навреме.

Стручњаците за проблемите со Панамскиот Канал го обвинуваат феноменот „Ел Нињо“ и очекуваат дека порастот на температурите и понатаму ќе влијае на снабдувањето со вода.