Репрезентативниот голман на Шведска, Андреа Паличка, се реши на несекојдневен потег пред Европското првенство и го раскина договорот со бундеслигашот Рајн Некар Левен за да се врати дома.

Еден од најдобрите чувари на мрежата на денешницата на големо изненадување си замина од „лавовите“ и се врати во тимот на Редбергслидс, колектив во кој ја почна професионалната кариера. Паличка ќе биде дел од Редбергслидс до крајот на сезоната и ќе се бори да му помогне на клубот да се спаси во елитата.

Инаку, 35-годишникот следната година заминува во ПСЖ со кого потпиша договор.