Пакети со прехранбени продукти и останати неопходни средства се дистрибуирани до домовите на семејства кои живеат на територијата на општина Центар, а се во социјален ризик и секојдневна борба со сиромаштијата. Мобилни тимови на невладината
– На овие наши сограѓани од кои повеќето се возрасни лица над 65 години и лица кои примаат минимална пензија, им ја обезбедивме потребната помош. Нашите мобилни тимови почитувајќи ги сите мерки на претпазливост и заштита од ковид 19, им ја доставија донацијата што ја собравме заедно со „Банка за храна” и Здружението „Хуманост – информираше градоначалникот Саша Богдановиќ .
Тој упати благодарност до компаниите што несебично се вклучија во хуманитарната акција и апелира до сите хумани граѓани и фирми да се вклучат во донаторските акции и да ја контактираат општината на телефонскиот број: 076-313-383.