Пазарџиите ја добија битката, но не и војната која продолжува наредната година

42

По бурните реакции во јавноста пазарџиите привремено се спасија од Законот за пазари. Власта бара одлагање на законот за пазари до 2020 година и носење на ново решение во интерес на сите. Признаваат дека со 64 гласа дадени за законот лани, направиле  грешка.

– Редно е да признаеме дека сме направиле грешка, сега ја поправаме и го одлагаме до јануари 2020 година, но ако Министерството подготви побрзо нов закон, ќе го разгледаме, вели Горан Милевски од ЛДП.

ВМРО-ДПМНЕ минатата година не го  гласаше законот за пазарите но сега бараат да престане да важи како што велат штетниот закон што бил донесен брзоплето и без конулстации.

Пазарџиите бараат да им се дозволи на пензионерите да продаваат на тезга и не сакаат да им се наметнуваат нови трошоци и да плаќаат 60 евра за лиценца за работа.

Со лиценцата не се согласуваат ниту дел од пратениците. Неприфатливо според нив е 1,5 милиони евра колку што ќе се соберат по оваа ставка да завршат во приватната Комора на трговци  а не во буџетот на државата

Со ова пролонгирање пазарџиите ја добија битката но не и војната која продолжува наредната година.