Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари-јуни 2024 година, изнесува 3 930,0 милиони евра и бележи пад од 7,6 % во однос на истиот период од претходната година.
Вредноста на увезената стока, во истиот период, изнесува 5 544,0 милиони евра, што е за 0,1 % повеќево споредба со истиот период од претходната година.
Трговскиот дефицит изнесува 1 614,0 милиони евра, соопшти Државниот завод за статистика. Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари-јуни 2024, изнесува 70,9 %.
Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи соблагородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони илибродови, деловите на седишта од подгрупата 821,1 и други катализатори на носачи.
Во увозот најмногу се застапени нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, платината и легурите на платина, необработени или во прав и електричната енергија.
Во периодот јануари-јуни 2024 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република СевернаМакедонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Кина и Србија.