Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во декември 2019 година изнесува 61.468, а бројот на ноќевањата изнесува 119.412. Сепак во оваа бројка бележи пад доколку се споредат податоците со ноември кога бројот на туристи изнесуваше 64.458, а на ноќевањата 135.866.
Бројот на туристите во декември 2019 година, во однос на декември 2018 година, е зголемен за 8.7 %, а бројот на ноќевањата е зголемен за 4.8 %.
Бројот на домашните туристи во декември 2019 година, во однос на декември 2018 година, е зголемен за 1.7 %, а бројот на странските туристи е зголемен за 12.6 %.
Бројот на ноќевањата на домашните туристи во декември 2019 година, во однос на декември 2018 година, е зголемен за 0.4 %, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 7.8 %.
Во периодот јануари – декември 2019 година, во однос на истиот период од претходната година, купниот број на туристите е зголемен за 5.1 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 1.9 %, а кај странските има зголемување за 7.1 %.
Во периодот јануари – декември 2019 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на ноќевањата е зголемен за 2.7 %, и тоа: бројот на ноќевањата на домашните туристи остана на исто ниво, а кај странските има зголемување за 5.8 %.