Пад на акциите на Волстрит по изјавата на Трамп за епидемијата

55

Трите главни индекси на Њујоршката берза забележаа пад за повеќе од 4,0 проценти синоќа, по предупредувањето на американскиот претседател Доналд Трамп за можна голема смртност од коронавирусот во наредните две недели, што ги натера инвеститорите на панична продажба, па дури и активи кои се сметаат за безбедни.

Индустрискиот индекс Дау Џонс падна за 973 поени, или 4,44 проценти, на 20.943 поени, С & П 500 потона за 4,41 проценти, на 2.470 поени, а технолошката „Насдак композит“ изгуби 4,41 проценти од вредноста, паѓајќи на 7.360 поени.

Цените на акциите на Вол Стрит паднаа, откако Трамп ги повика Американците да се придржуваат кон строгите мерки за одржување физичко растојание за време на, како што рече, „две тешки недели“кога во САД животот би можеле да го изгубат меѓу 100.000 и 240 000 луѓе .

Вчера, и на европските берзи нагло паднаа цените на акциите. Индексот на лондонската берза ФТСЕ 100 падна за 3,83 проценти на 5,454 поени, Франкфуртскиот ДАКС за 3,94 проценти, на 9.544 поени, а париски КАК 40 падна за 4,30 проценти на 4.207 поени.