Падна првата клапа: Роберт Патинсон и Зое Кравиц на снимањето на Бетмен

155

По бројните и исцрпувачки подготовки, конечно започна снимањето на новиот филм за Бетмен. Ова беше објавена од сценаристот и режисер Мет Ривс, со што беше означен и официјалниот почеток на работата на филмот чие работно име е “Vengeance”.

Ривс на „Твитер“ објави фотографија од првата клапа, каде што  на коженото столче се чита името на овој филм.

На самиот почеток, уште додека се зборуваше за најраните фази од развојот на култниот филм, режисерот рече дека има идеи за приказната, но дека е важно да се започне.

Во главната улога е Роберт Патинсон, ѕвезда на филмската франшиза „Самрак“, кој ќе го слуми Бетмен, додека фаталната жена мачка ќе ја игра Зои Кравиц, ќерка на славниот пејач Лени Кравиц. Неодамна е потврдено и дека познатиот холивудски актер Колин Фарел ќе биде Пингвин.

Филмот Бетмен во киносалите ќе се појави на 25 јуни 2021 година.