Центарот за управување со кризи(ЦУК) информира дека на единствениот повикувачки број за итни случаи 112 добиена е пријава за штета, односно паднал дел од фасада на зграда на булеварот Јане Сандански во Аеродром.
Во невремето кое го зафати Скопје има паднати дрвја, има оштетени возила, откачени лимови, искинати кабли од бандери.
Во центарот на градот, на булеварот Свети Климент Охридски, дрво падна врз жена и таа заврши во болница.