Од 19:00 часот патниот правец Ресен – Претор е во целосен прекин во двата правци поради паднато дрво на коловозот.
Екипи на надлежните служби се на терен и работат на расчистување на патот за да се овозможи нормализирање на сообраќајот.
Возачите се советуваат да ја следат состојбата и да користат алтернативни патишта додека не биде отстранета пречката.
Претходно, беше објавено дека на планинскиот превој Плетвар има заглавени десетина возила поради обилните врнежи од снег.
Првичната информација е дека има заглавено и неколку камиони со странски регистерски таблички.
Се препорачува внимателно возење.