Кошаркарскиот тренер на Реал Мадрид, Пабло Ласо, ја напуштил болницата за интензивна нега каде што бил примен по срцевиот удар во неделата, а неговата состојба е стабилна, соопшти мадридскиот клуб.

  • Реал Мадрид информира дека состојбата на Пабло Ласо се подобрува и дека тој е отпуштен од Одделот за интензивна нега во Универзитетската болница „Сантиас Ла Моралеха“ – се вели во соопштението на Реал.

Како тренер на Реал, Ласо пет пати го освојуваше шпанското првенство, шест пати го освои Купот на кралот и двапати Евролигата (2015 и 2018 година).

Ласо доживеа срцев удар во неделата и итно беше хоспитализиран.