ОЈО Штип изврши увид на местото каде што беше убиена 29-годишна жена од нејзиниот партнер

166

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Штип изврши увид на лице место каде според првичните информации, во близина на сопствениот дом била лишена од живот една 29-годишна жена.

Едно лице е задржано во полициска станица.

При увидот беа подигнати траги од лице место кои ќе бидат предмет на вештачење со цел утврдување на околностите.

По наредба на јавен обвинител, врз телото на починатата ќе биде извршена обдукција.

ИЗДВОЕНИ