ОЈО се огласи за сообраќајната несреќа на патот Скопје – Велес

237

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје и увидни екипи на МВР вечерва вршат увид на лице место на тешката сообраќајна несреќа на автопатот Скопје – Велес.

На местото на несреќата е повикан и сообраќаен вештак за утврдување на причините. Се преземаат увидни дејствија, а јавниот обвинител ќе ги издаде сите потребни наредби за вештачења.