ОЈО: Пронајдено безживотно тело на маж со видливи повреди во струмичко

112

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица изврши увид во местото викано Ореш, во атарот на струмичко Ново Село, каде ноќеска беше пронајдено безживотно тело на починато машко лице.

Според првичните сознанија, кај лицето настапила насилна смрт. По наредба на јавниот обвинител, врз телото на починатиот ќе биде извршена обдукција со цел да се утврдат точните причини за смртта. Од лице место се прибрани траги и материјални докази за кои е издадена наредба за вештачење, а се преземаат и други дејствија за откривање на сторители.​