Од Министерството за внатрешни работи соопштуваат дека синоќа во времето од 20,10 до 23,50 часот во Скопје на Плоштад „Македонија“, одржан е јавен собир по повод победата на ракометниот клуб „Вардар“.

За време на прославата, пријавено е дека било оштетено патничко моторно возило “Ауди А3“ со скопски регистарски ознаки на булеварот “Гоце Делчев“. МВР информира дека возилото било оштетено од повеќе лица кои фрлале кон него со бекатон плочки. Освен овој автомобил, оштетено било и службено возило Шевролет спарк, сопственост на МВР.

Притоа со телесна повреда на левата рака се здобил 18-годишниот Ф.М.

Во врска со настанот од страна на Единицата „АЛФА“ биле приведени пет малолетници на возраст од 14 до 17 години, сите од Скопје. Со изгореници во пределот на нозете се здобила и седумнаесет годишната Т.П. од Скопје, која настрадала од пиротехнички средства. За нарушување на јавниот ред и мир пред Собранието приведен е и скопјанецот Ж.М (36).