Оштетена македонската Амбасада во Киев од руските ракетни напади, МНР со осуда

34

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија најостро ги осуди денешните ракетни напади на руската армија врз Киев. Од МНРНТ информираа дека при нападот е погодена и критичната инфраструктура во Голосеевскиот реон, вклучително и зградата каде што се сместени шест амбасади во Киев, меѓу кои и македонската.

-При нападот е погодена и критичната инфраструктура во Голосеевскиот реон, вклучително и зградата каде што се сместени шест амбасади, меѓу кои и Амбасадата на Република Северна Македонија во Киев. При нападот нема повредени меѓу дипломатскиот персонал, но е причинета материјална штета на Амбасадата. Од страна на надлежните служби извршен е првичен преглед на штетите на лице место и веќе се работи на нивно санирање, информираа од македонското министерство.