Очекувам подобар Фетел во новата сезона

57

Актуелниот светски шампион во Формула 1, Луис Хамилтон (Мерцедес) верува дека во новата сезона ќе биде многу потешко да се освои титулата , особено затоа што очекува подобро издание на четирикратниот светски шампион  Германецот Себастијан Фетел со тимот на Ферари.

Минатата година Ферари маше одличен почеток на сезоната и делуваше како конечно да има болид за шампионската титула. Сепак грешките кои ги направија многу скапо ги чинеа, а Луис Хамилтон уште еднаш покажа класа и дојде до петтата титула во најбрзиот циркус на денешницата. Сепак во новата сезона Британецот, очекува Фетел да биде многу подобар.

  • Мораме да очекуваме од Ферари да напредува и убеден сум дека Себастијан ќе биде многу подобар во новата сезона. Ова значи дека и јас мора да бидам подобар.  Имавме неколку одлични битки на патеката и јас навистина уќивав да се тркам со него.  Се надевам дека љубителите на овој спорт ќе им приредиме погоелми возбудувањеа во новата сезона и ќе го задржиме нивното внимабие.  Искрено верувам дека и тимот на Ред Бул ќе ни помогне во тоа, односно ќе биде поконкурентен во новата сезона, истакна Хамилтон и додаде:
  • Ред Бул има одлични услови и сите занаеме дека ќе се бори за титулата. Прашање е само каков болид ќе имаат. Потребна е тимска работа и се надевам дека во новата сезона ќе го имаат тоа. Сепак, времето ќе покаже колку напредувале.

Новата сезона во Формула 1 почнува на 17 март со трката за ГН на Австралија во Мелбурн