Најбогатиот фудбалски клуб на денешницата, англискиот Премиерлигаш Њукасл, и официјално потврди дека ги има осигурано услугите на италијанскиот интернационалец Сандро Тонали. За да ги осигураат услугите на 23-годишниот играч за врска на Милан, раководните лица на Њукасл мораа да го прифатат побараното обештетување од 70 мил. евра. Тонали потпиша договор до 2028 година и истиот му гарантира годишна плата од 7 мил. фунти.