Официјално потврдено од Гинисовата книга на рекорди: Нејзината коса е најдолгата коса на светот/видео

687

Алија Насирова од Словачка по потекло од Украина ја има најдолгата коса на светот! Дека нејзината коса е најдолга на светот потврди и официјално објави Гинисовата книга на рекорди. Алија е навикната по неа да ги вртат главите кога оди по улица благодарение на нејзината неверојатно долга и раскошна коса.

Алија, беше претставена како Гинисов рекордер на снимањето на Гинисовата италијанска ТВ серија Lo Show dei Record. Триесет и пет годишната девојка која сега живее во Словачка, а по потекло е од Украина, заработува како уметник и графички илустратор, но и како модел со долга коса.

Нејзината должина од 257,33 сантиметри (8 стапки 5,3 инчи) официјално ја прави личност со најдолга коса во светот во женска категорија.

Со 165 см, косата на Алија е над 0,91 см подолга отколку што е висока, а нејзините прамени се дури и подолги од највисокиот човек на светот, Султан Косен, кој е 251 см (8 стапки 2,8 инчи).

Како што вели, никогаш немала соодветна фризура и се надева дека нејзиниот рекорд може да ги „инспирира луѓето да уживаат во човечката убавина и да бидат природни“.

„Се надевам дека мојата приказна ќе ги инспирира читателите да ја сакаат нивната природна убавина. Јас сум сликарка и верувам дека секој човек е убав, дури и ако изгледа „различно“.

Алија, која редовно објавува содржини на своите профили на Инстаграм и Јутјуб, отсекогаш ја средувала својата коса само малку за да ја одржи силна и здрава. Таа била инспирирана од нејзината мајка и баба, кои исто така имале многу долга коса, како и од бајковитата хероина на Дизни Рапунзел, со која често ја споредуваат.

Таа ја мие косата еднаш неделно и потребни се околу 30 минути за да се исуши, плус дополнителни два часа ако сака да нанесе маска за коса. Бидејќи не сака да користи топлина на косата, Алија ја остава да се исуши природно, што може да потрае и до 24 часа, според Гинисовата книга на рекорди.

“Ја четкам косата само кога е сува и ми треба околу еден час еден ден по миењето и околу 30 минути во другите денови. Следам неколку едноставни правила за да ја одржам косата здрава”.

„Јас не ја фарбам косата, користам само природни производи и ретко користам кна, на косата нанесувам природни маски и масла, најмногу сама подготвувам маски и никогаш не ја чешлам косата кога е мокра и не користам фен “, рече Алија Насирова.

И додаде: „Редовно ги средувам врвовите и јадам здрава храна и не пијам алкохол. Земам витамини и го масирам скалпот, а понекогаш го посетувам морето или океанот за да ја натопам косата со сите природни минерали. ”

Алија преку ден ја носи косата во плетена пунџа бидејќи е толку долга што се влече по подот зад неа.

Но, нејзината коса виси пуштена и раскошна кога снима содржина за нејзините социјални канали и луѓето често се толку одушевени од нејзината коса што прашуваат дали можат да се сликаат со неа.